Попоски одликуван со Национален орден од Италијанската Република

Во рамки на одбележувањето на Националниот ден на Италија, Министерот за надворешни работи на Република Македонија Никола Попоски беше одлекуван со Орден на sвезда на Италија – Гранд Офицер (Order of the Star of Italy – Grand Officer).

Признанието се доделува за особен придонес во унапредувањето на пријателските односи и соработката помеѓу Република Македонија и Италијанската Република.

Орденот го врачи во името на Претседателот на Италијанската Република Серџо Матарела, Амбасадорот на Италија во Република Македонија, Ернесто Масимино Белели.

Министерот Попоски нагласи дека чинот претставува уште една потврда за одличните и блиски односи помеѓу двете пријателски држави.