Попоски оствари средба со Коѕиас

Грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕиас денеска во Будимпешта се сретна со шефот на македонската дипломатија Никола Попоски, на маргините на состанокот за енергетска безбедност во Централна и Југоисточна Европа.

Грчкото МНР соопшти дека двајцата министри разговарале за прашањата поврзани со енергијата и прекуграничната соработка меѓу двете земји, како и за прашања од регионален интерес.

– Министерот за надворешни работи, исто така, направи посебен осврт на усвојување на мерки за градење доверба меѓу двете страни, истакнувајќи дека, сепак, грчкиот став за прашањето за името, за кое се водат преговори со посредство на личниот претставник на генералниот секретар на ОН, Метју Нимиц, не е променет. Тој исто така ги повтори грчките цврсти позиции во однос на европската и евро-атлантската перспектива на Македонија, се вели во соопштението на грчкото МНР.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.