Попоски оствари средба со Штефан Лене

Министерот Попоски денеска отствари средба со Штефан Лене, надворешен предавач во институтот Карнеги во Европа во Брисел.

Како што соопштуваат од Кабинетот на министерот, централната  тема на разговорите беше европската агенда на Република Македонија со фокус на реформските процеси на земјите од Западен Балкан.

– Очекувањата се дека сите земји членки на Унијата имаат своја улога во оваа агенда. За Македонија, наметнатиот спор околу името останува клучна пречка кон нејзино полноправно членство во ЕУ, стои во соопштението.

Двајцата соговорници констатираа дека најзначајно ќе биде да се задржи  темпото на реформи во сите области, со посебно внимание на петте области именувани во пристапниот дијалог на високо ниво: политичкиот дијалог, слободата на медиумите, независното судство, меѓуетничките односи и реформите во јавната администрација.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.