Попоски оствари средба со Тачи

На покана на Министерот за надворешни работи Никола Попоски, во посета на Република Македонија престојуваше Заменик претседателот на Владата и Министер за надворешни работи на Република Косово Хашим Тачи.   

Како што соопштуваат од Кабинетот на Министерот за надворешни работи, во разговорите, министритe се осврнале на севкупната билатерална и регионална соработка помеѓу двете земји, при што заемно беше изразено задоволство од воспоставениот отворен и конструктивен дијалог по сите прашања од заеднички интерес.

Во тој контекст беше договорено одржување на заедничка седница на двете влади.

Притоа, беше констатиран интересот за натамошно унапредување на соработката особено преку реализација на заеднички инфраструктурни проекти и  заеднички  настап пред ЕУ и меѓународните финансиски институции и фондови.

Министерот Попоски ги реафирмираше заложбите на Република Македонија за евро-интегрирање на регионот, изразувајќи притоа подготвеност за пренесување на нашите позитивни искуства во овој процес.

Беше нагласена важноста на  добрососедските односи и проактивна соработка на земјите во регионот.

Министерoт,  Хашим Тачи, од своја страна изрази  благодарност за добрата соработка во сите области, и подршката на Република Македонија  за  евро-атлантските аспирации на Република Косово.

Во рамките на средбата двајцата министри потпишаа меморандум за соработка помеѓу Дипломатските академии на двете министерства за надворешни работи.