Попоски: Помошта за Македонија од Брисел засега е симболична

Во однос на проблемот со мигрантите помошта за Македонија од Брисел засега е симболична. Очекуваме третман од ЕУ како кон земја членка. Ова го посочи денес во Охрид министерот за надворешни работи Никола Попоски. Тој нагласи дека за проблемот со мигрантите потребно е Европа да обезбеди заеднички одговор, оти ниту една земја не може проблемот да го реши сама со сопствени ресурси.

Во комуникација сме и со нашите соседи и со ЕУ и со ОН, бидејќи се работи за проблем кој не е од или за Македонија, туку Македонија е само една од дестинациите која е дел од рутата. Бараме решение да се справиме со многу зголемен наплив. Од една вообичаена динамика од 500-600 мигранти кои влегуваа на македонска територија се соочивме со ситуација во која неколку илјади доаѓаат наеднаш, рече Попоски на новинарско прашање по посетата на Летниот камп 2015 „Ја сакам Македонија“ во Охрид, пренесе МИА.

Според Попоски, очигледно состојбата на Македонија  е многу специфична бидејќи сме единствена граница на оваа рута во која мигранти доаѓаат од земја членка на ЕУ на територија на земја која не е членка на Унијата.

Попоски: Помошта за Македонија од Брисел засега е симболична
Попоски: Помошта за Македонија од Брисел засега е симболична

Сите други ситуации се обратни или меѓу ЕУ и ЕУ или од не ЕУ во земја членка. Се надеваме дека ЕУ ќе го земе предвид фактот што Македонија е дел од рутата и иако не сме членка ќе имаме подеднаков третман, вели Попоски.

Македонија упатила апел за помош од ЕУ

Покрај тоа што нагласи дека помошта за Македонија од Брисел засега е симболична и дека од ЕУ се очекува третман како земја членка за Македонија, нагласи и дека земјата повторно  упатила апел за помош од ЕУ.

Упативме повторен апел за помош од ЕУ, во комуникација сме и мислам дека ЕК треба да биде вклучена во делот од ова решение. Во овој момент таа помош е симболична и главниот товар го сносат македонските институции. Не се работи само за финансиски, туку се работи и за хуман аспект, за луѓе кои напуштаат територија која  е во воени дејствија и каде животот им е загрозен, но овие луѓе може да бидат згрижени само доколку Европа обезбеди заеднички одговор. Во овој момент тоа сепак недостасува, нагласува шефот на дипломатијата.

Црвениот крст со медицинска и хуманитарна помош за мигрантите, фото: МИА
Црвениот крст со медицинска и хуманитарна помош за мигрантите, фото: МИА

Во Грција, според него, не делува дека овој проблем се намалува што значи дека треба да бидеме подготвени за можеби продолжен период за ваков наплив. И на грчка страна, како што рече, се надеваат да ги надминат проблемите, односно да го намалат притисокот, но тоа предизвикува притисок на нашата граница.

Попоски: Ќе направиме максимални напори мигрантите кои влегуваат да бидат регистрирани

Попоски: Ќе направиме максимални напори мигрантите кои влегуваат да бидат регистрирани

Попоски: Ќе направиме максимални напори мигрантите кои влегуваат да бидат регистрирани, фото: МИА

Министерот посочи дека Македонија ќе направи максимални напори мигрантите кои сакаат да влезат на нејзина територија да бидат регистрирани.

Тие што ќе се одлучат за барање азил да добијат соодветен третман, а оние кои сакаат да го продолжат патувањето, исто така. Мора реално да ги согледаме околностите од приливот на мигранти, од 500 дневно зголемен е на 3.000 дневно. Во таква ситуација мора да имаме соодветен одговор и тоа не може да се реши за 24 часа, нагласи Попоски.

Тој укажа дека границата не беше затворена бидејќи ние имаме прогласено само кризна состојба во таа зона, поради реалната состојба со сериозна група мигранти кои се притиснати од грчка страна кон македонската граница.