Попоски во официјална посета на Атина на 17-ти декември

Средбата Попоски – Коѕијас – прв чекор за јакнење на довербата меѓу двете земји

Министерот за надворешни работи на Република Македонија Никола Попоски на 17 декември ќе ја посети Атина, јави МИА.

Ова е прва билатерална посета на Попоски на Атина. Македонскиот шеф на дипломатијата последен пат престојуваше во грчкиот главен град во април минатата година, кога учествуваше на неформалниот министерски состанок на ЕУ, Гимних, за време на грчкото претседателство со Унијата.

Средба Попоски – Коѕијас: Договорени 11 мерки за практична соработка
Средба Попоски – Коѕијас: Договорени 11 мерки за практична соработка

Грчкиот министер за надворешни работи Коѕиас ја посети Македонија во јуни годинава, во рамки на турнејата во неколку главни градови на Западен Балкан. Тој оствари средби со државниот врв, со премиерот Никола Груевски и со министерот Попоски.

Македонија и Грција во моментов разговараат за мерки за градење доверба меѓу двете земји, кои беа договорени пред неколку месеци. По последните разговори меѓу грчки и македонски претставници, грчкото МНР соопшти дека разговорите се одржале во пријателска и конструктивна атмосфера, а се дискутирало, меѓу другото, за политички консултации меѓу двете министерства, билатерален дијалог за прашања од областа на ЕУ, соработка во рамките на ИПА 2, ТАИЕКС и Твининг програми, универзитетска соработка, поврзување, управување со границата, миграцијата, борбата против корупцијата и организираниот криминал.

На средбата било одлучено следната рунда разговори за градењето мерки за доверба да се одржи во Скопје до крајот на годинава. Исто така, било договорено во Скопје да се одржи и прв круг на политички консултации меѓу двете министерства.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.