Попоски: Со префрлување на проблемите преку граница не се избегнува хуманитарна криза

Во рамки на 31-та сесија на Советот за човекови права на Обединетите нации, што се одржа денеска во Женева свое обраќање имаше и министерот за надворешни работи, Никола Попоски.

Во дискусијата на сесијата на Советот за човекови права Попоски нагласи дека „Сите очекуваме справување со мигрантската криза од хуман и безбеден аспект.

Obrakjanje-2

Околу хуманоста кон мигрантите, Македонија и Грција се на иста гранка и затоа е потребна преку гранична соработка. За безбедно справување со мигрантскиот бран, сите очи се свртени кон следниот Самит на Европската унија. Има основа за загриженост дека кризата може да ескалира, или во најмала рака да се компликува, порано од 8 март“.

Svajcarija-1

Во своето обраќање министерот се осврна и на позначајните прашања на агендата на Советот за човекови права, како и на актуелните глобални настани кои имаат свое влијание врз прашања поврзани со човековите права.

Portugalija-2

Посебен акцент беше ставен на состојбите во Сирија и масовните бранови на бегалци и мигранти, при што потенцираше дека е неопходно итно изнаоѓање на заедничка стратегија за решавање на мигрантската и бегалската криза на начин кој истовремено би ги земал предвид хуманитарните и безбедносните аспекти.

На маргините на сесијата, МНР Попоски оствари и билатерални средби со свои колеги.