вторник, 10 јануари 2017  |  Вести денес: 62

Попоски: Премиерите и претседателите не треба да се мешаат во внатрешните работи на другите земји

Не е пристојно ниту соодветно кога премиер или претседател од соседна земја директно се меша во внатрешни работи. Особено не во период по демократски спроведени избори и пред формирање на влада, бидејќи се испраќаат погрешни сигнали во регионот, изјави министерот за надворешни работи Никола Попоски, во однос на прашањето за мешањето на Тирана и Приштина во внатрешните работи на Македонија.

попоски

Поврзани вести

Секако дека е опасен овој пристап во место со мултикултурна традиција. Многу е далеку од практиката на добрососедството. Доколку сите сме согласни дека иднината ни е во Европа, тогаш борбата е да обезбедиме стабилност, мир, правда и економски просперитет за сите граѓани. Секогаш сме биле крајно коректни во соработката со соседите. Најдобро ќе биде и тие да ни се придружат по тој пат, наместо да се поставуваат мини кои носат ризик за сите, подвлекува Попоски.

Премиерот на Албанија и претседателот на Косово во изминатите две недели организираа заеднички средби со лидерите на албанските политички партии од Македонија, на која усвојуваа точки од таканаречената „албанска платформа“ во Македонија.

По тој повод премиерот Еди Рама, заедно со МНР на Албанија Бушати и претседателот на Собранието Илир Мета изразија поддршка за одлуката албанските партии да потпишат заедничка платформа, што е директно вмешување во внатрешните работи на Македонја имајќи во предвид дека токму официјалните владини претставниците на Албанија сугерираат решенија и одлуки на политичари од Македонија.

Најчитани вести