Попоски: Програмата е произлезена од потребите на граѓаните

попоски

Посветени сме, пред се, на потребите на граѓаните. Ние сме партија, коалиција, која е препознатлива по програмата. Овојпат таа е најразработена, најдетална, реална и произлегува од граѓаните и е направена за граѓаните, истакна Попоски во Скопје.

Меѓу ветувањата во програмата кои ги наведе Попоски се зголемување на пензиите за вкупно 10,25 отсто, подобрување на условите во здравството, реконструкција на Градска општа болница „8 Септември“ и на Клиниката за хируршки болести „Св. Наум Охридски“, за што се предвидени 6 милиони евра.