Попоски: Реализирани над 130 проекти за дијаспората

ВМРО-ДПМНЕ е партија која делумно е формирана и од дијаспората и нашите врски отсекогаш биле цврсти и нераскинливи.

Ова денеска го изјави Никола Груевски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ, како вовед во обраќањето на Никола Поповски, министерот за надворешни работи на Република Македонија.

Ако добро броев, речиси секој шести или седми од овој тим бил дел од дијаспората, па знаеме за што зборуваме. Во делот на оние проекти кои ги реализираме во изминативе 6-7 години имаме над 130 проекти реализирано за дијаспората. Широка лепеза на проекти од најзначајните за формирање на културни катчиња и посветување на изучување и промовирање на македонскиот јазик. Последните години организираме летни кампови за деца од македонската заедница од нашиот регион и дечиња кои се млада генерација Македонци, а живеат во подалечните земји каде што имаме сериозна дијаспора. Имаме формирано инфо центар кој функционира 24/7 на кои може редовно да се обраќаат и конечно од оваа година почнуваме со еден пионерски проект да овозможиме стажирање во македонски институции на млади Македонци кои се на врвни образовни установи надвор во светот, а се втора, трета или четврта генерација на Македонци. Сметаме дека овие луѓе се нашите идни амбасадори, добар капитал за земјата, изјави Попоски.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.