Попоски: Препораката зависи од реформите, но и од политичката криза

Не ни е потребно црвено светло за да знаеме дека политичкиот дијалог кој би водел до решение е во наш интерес. Тоа решение е пред се, во интерес на Македонија, многу повеќе отколку во интерес на кој било фактор надвор вклучувајќи го и Брисел.

-Потребно ни е решение на политичката криза, пред се заради нас, за да не мора македонските граѓани и економијата да плаќаат цех непотребно, и е во интерес на сите да го избегнеме, изјавил денеска министерот за надворешни работи Никола Попоски, како одговор на новинарско прашање.

Министерот Попоски денеска учествува на тркалезна маса на тема „Улогата на малите земји во асиметричниот свет“ на која учествуваше и извршниот директор на „Вилтон парк“ Ричард Бурџ, кој е во посета на Република Македонија.

Според него, препораката за почеток на преговорите со ЕУ е одлука која има политичка тежина и која ќе зависи од два аспекта-реформите и политичката криза.

– Се разбира дека препораката е одлука која има политичка тежина. Но, треба да биде издржана на две полиња. И од аспект на реформите и од аспект на политичката криза. Сметаме дека во секој случај нашите реформи, односно испораката по однос на оние препораки кои ги има ЕК треба да се одвиваат и да им се посвети максимална енергија без оглед на динамиката на процесот на политички дијалог. Јасно е и дека без напредок во политичкиот дијалог плаќаме преголема цена и економска, но и во очите на ЕУ бидејќи на тој начин се овозможува да се затскријат вистинските причини поради кои веќе шест години не можеме да преговараме и е неопходен услов за да добиеме позитивна препорака и евентуално наесен да ги почнеме преговорите. Ќе работиме на двете полиња. Веќе имаше јасна порака од Владата дека имаме изработено предлог-мерки со кои ќе бидат адресирани во делот на имплементацијата сите забелешки на ЕУ. Веќе има и конкретни чекори кои се позитивно примени од ЕУ било да се однесуваат на медиуми, градење на доверба во институциите и предлог мерки, рекол Попоски.

Во однос на посетата на шефот на грчката дипломатија Никос Коѕиас, Попоски посочил дека се договорени 11 мерки за градење доверба, од кои видливи резултати не очекува на кус рок.

– Ние се договоривме околу 11 полиња мерки за градење доверба. Тој план стои, во најмала рака од македонска страна стои, и на него ќе работиме. Нема да видиме на многу краток рок, за ден два или три, некоја видлива промена особено во услови кога грчкото внимание е свртено кон ситуацијата и референдумот в недела. Што не значи дека од наша страна има отстапување. Наш интерес е да има што е можно повеќе мерки во што е можно повеќе области. Имаме 11 мерки и треба да ги спроведуваме, рекол министерот Попоски.

Оценува дека колку и да е тешка позицијата на Грција, таа секогаш ќе може да ја искористи својата моќ на земја членка на ЕУ за да не попречи.

– Значи, реално за наше поместување кон ЕУ мораме на еден или друг начин да добиеме барем премолчена согласност од Грција. Ако се однесува на почеток на преговори, одлуката за негово формално започнување мора да е одлука подржана од 28 земји членки. Наша можност е отсега па натаму да ги искористиме препораките по однос на Извештајот и де факто да водиме процес, кој е еднаков со водење преговори во Поглавја 23 и 24, односно владеење на правото цел пакет поврзан со него, вели министерот за надворешни работи Нилола Попоски.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.