Попоски: СДСМ бара причина која ќе им овозможи да избегаат од избори

Се што СДСМ прават во изминатиов период, било да се однесува на определување на некаков договор за состав на ДИК или да се однесува за преглед на избирачки списоци сето тоа го работата низ призма на изговор како да најдат причина која ќе им овозможи да избегаат од избори, сакаат да ве заобиколат вас граѓаните и некако да дојдат на власт, тоа е нивниот план.

Ова го истакна Никола Попоски од ВМРО-ДПМНЕ на вчерашната трибина на владејачката партија во општина Кисела Вода.

ВМРО-ДПМНЕ е политичка партија која воведе нов стил на комуникација со граѓаните. Ние не трчаме наоколу и не ветуваме како Дедо Мраз кој што сака тоа да му се исполни, туку седнуваме како сериозни луѓе, заедно со граѓаните, правиме програма која гледаме да се однесува на најприоритетните прашања на граѓаните, а не на некоја политичка елита и потоа во текот на нашиот мандат заедно со вас ја следиме реализацијата на тие проекти. Така досега функциониравме, така се функционира и на ниво на Влада на Р. Македонија . Така ќе биде и овој пат, заедно со вас ќе ја направиме програмата и ќе го следиме секој чекор, затоа што ВМРО-ДПМНЕ сака тоа што влегува во програмата да биде наша лична карта. Да не идентификувате со тоа што сме го ветиле и испорачале, рече Попоски.

СДСМ бара изговор за да избега од избори

Тој посочи дека на јаваната сцена во Р. Македонија има политички гарнитури кои сакаат да настапуваат со некоја виртуелна кеса на подароци, да трчаат наоколу и да ветуваат што ќе стигнат и најлесно им е да ветуваат што ќе стигнат бидејќи не се сериозни дека сакаат да го испорачаат тоа што го ветуваат.

Ќе се соочите со една политичка понуда која повеќе наликува на некој пазар на кој се нудат производи кои ги немаат, ниту па мислат да ви ги испорачаат. Затоа сериозно треба да ја сфатиме нашата заложба бидејќи на крајот на денот ние сме на некој начин одговорни за изборот кој стои пред секој од нас да го претставиме и споделиме. За да не се доведеме во ситуација луѓе кои што не можат да задржат став за 24 часа и да не се грижат за Македонија како ќе изгледа за 1 или 3 години да бидат во позиција да носат одлуки за нашата иднина, рече Попоски.

Според него СДСМ прави голем напор да изнајде некаква причина, некаков изговор кој ќе им дозволи да избегаат од избори.

Се што прават во изминатиов период било да се однесува на определување на некаков договор за состав на ДИК или да се однесува за преглед на избирачки списоци сето тоа го работата низ призма на изговор како да најдат причина која ќе им овозможи да избегаат од избори, сакаат да ве заобиколат вас граѓаните и некако да дојдат на власт, тоа е нивниот план. Во меѓувреме лансираат идеи за кои не се направени пресметки од каде ќе најдат средства, се занимаваат со работи кои се периферни. Досега не сме слушнале ни еден конкретен предлог издржлив за најгорливото прашање во Р. Македонија, на пример вработувањето, посочи Попоски.

Тој посочи дека  главни механизми на СДСМ се барање на изговори, креирање на тензии и секогаш поголема грижа за тоа кој што ќе каже надвор од колку каков ќе биде животот на Македонците, на граѓаните на Р. Македонија.