понеделник, 27 март 2017  |  Вести денес: 60

Попоски се сретна со специјалниот претставник на германското МНР за ЈИЕ, Турција и ЕФТА

Министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Попоски се сретна со со специјалниот претставник на германското министерство за надворешни работи за Југо-Источна Европа, Турција и ЕФТА, Ернст Рајхел.

poposki

Последни вести

Министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Попоски се сретна со со специјалниот претставник на германското министерство за надворешни работи за Југо-Источна Европа, Турција и ЕФТА, Ернст Рајхел.

На средбата, како што информираат од Министерството за надворешни работи, се разговарало за предизвиците и перспективите во европската интеграција на Република Македонија, во светлина на неодамна објавениот извештај на Европската комисија за напредокот на земјата во пристапниот процес.

Министерот Попоски потенцираше дека Република Македонија останува подготвена за процесот на пристапни преговори.

Од 2009 година, кога беше дадена првата препорака од Комисијата, секоја година сме се подобро подготвени за овој процес. Определени околности како изминатите блокади и внатрешните фрустрации, особено политичкиот предизвик кој е во фаза на надминување, се дополнителна причина час поскоро на Македонија да и се овозможи да ги почне преговорите со Европската Унија. Тоа нема да направи никакво ослабување на европската кауза или институции, напротив ќе го зајакне кредибилитетот на европската перспектива, а нам ќе ни даде елан да се бориме за натамошен напредок, рече тој.

Се разговараше и за спроведувањето на преостанатите обврски од политичкиот договор и на клучните приоритети за зајакнување на правната држава и економскиот развој на земјата, кои остануваат во фокусот на активностите на владата.

Најчитани вести