Попоски се сретна со европратеничката Ана Заборска

Министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Попоски денес оствари средба со словачкиот европратеник од редовите на Европската народна партија во Европскиот парламент, Ана Заборска, која престојува во работна посета на Република Македонија.

Како што соопштуваат од Министерството за надворешни работи, на средбата било разговарано за актуелни прашања поврзани со интеграцијата на Република Македонија во Европската Унија, како и за актуелните политички случувања.

На средбата беше реафирмирана поддршката кон процесот на проширување и кон евроинтегративниот процес на Република Македонија.

Предвидено е Европратеничката Ана Заборска да  оддржи говор на тема за еднаквост помеѓу мажите и жените, перспективи и предизвици, настан организиран од Секретаријатот за европски прашања.