Попоски се сретна со претставници на ОБСЕ

Министерот за надворешни работи на Република Македонија Никола Попоски, оствари средба со група на амбасадори акредитирани при ОБСЕ во Виена од САД, Турција, ЕУ и Данска.

За време на средбата министерот Попоски ги информира соговорниците за политичките предизвици со кои се соочува Република Македонија, истакнувајќи дека тие мора да се решат во правни, институционални и политички процеси во согласност со уставниот поредок и воспоставените начела на демократија и владеење на правото.

Воедно, беше истакнато дека сите политички чинители треба да се однесуваат одговорно, со цел надминување на актуелната политичка состојба.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.