Попоски се сретна со заменикот министер за надворешни работи на Тајланд

SAMSUNG CSC

Министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Попоски, денес оствари средба со заменикот министер за надворешни работи на Кралството Тајланд Вирасакди Футракул.

Како што информираат од Министерството за надворешни работи, на средбата, меѓу другото, беше искажан заемен интерес за унапредување на односите меѓу двете земји, посебно во делот на економската соработка. Воедно, беше истакнат интересот за продлабочување на соработката меѓу двете министерсва за надворешни работи и потпишувањето на Протокол за соработка.

Покрај прашањата за билатералната соработка, беа разменети и мислења за мултилатералните односи и беа разгледани актуелните кандидатури на двете земји.