Попоски – Сијарто: Продолжува поддршката за Македонија за членство во ЕУ

Министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Попоски, на покана на министерот за надворешни работи и трговија на Унгарија Петер Сијрато престојуваше во официјална посета на Унгарија.

Реализирањето на посетата се совпаѓа во годината кога Република Македонија и Унгарија одбележуваат 20 години од воспоставувањето на дипломатските односи.

poposkiii (2)

За време на средбата политичките односи беа оценети како одлични. Беше нагласена континуираната и  принципиелната поддршка на Унгарија во поглед на зачленувањето на Македонија и останатите земји од регионот на Западен Балкан во ЕУ и НАТО.

Во услови кога Европската унија го менува пристапот кон земјите кандидати, значајно е и од голем интерес зeмја како Унгарија да ја поддржува агендата на ЕУ во однос на проширувањето. Блокирањето има цена. Седењето и чекањето не ги решаваат проблемите сами по себе – истакна министерот Попоски.

Разговорите се водеа со фокус на економските односи особено во привлекувањето на странски инвестиции и зголемување на трговската размена. Заеднички беше поздравено отворањето на унгарско трговската куќа во Скопје и најавено е оддржувањето на состанокот на заедничкиот комитет за економска соработка за почетокот на 2015.

Унгарија претставува одличен модел за успешен економски развој и привлекување на странски инвестиции. Зголемена трговска размена и заеднички проекти од областа на енергетиката и железничката инфраструктура ќе придонесе до зголемен економски развој.

poposkiii (3)Во таа насока, Министерот Попоски информираше за приоритетите на македонското претседавање со Централно Европската Иницијатива, кои ќе бидат фокусирани на  зголемување на економска размена и подобра енергетска поврзаност.

За време на посетата министерот Попоски беше примен од претседателот на унгарскиот Парламент, Ласло Ковер. На средбата стана збор за севкупната билатерална соработка помеѓу двете земји изминатите две децении, вклучително и европските и евро-атлантските стремежи на Република Македонија. Беше констатирана потребата од дополнително зголемување на парламентарната димензија помеѓу двете земји.

Министерот Попоски ja заокружи посетата со предавање на Унгарскиот Институт за меѓународни односи и трговија за важноста на интеграцијата на земјите од Балканот во Европската унија.