Попоски: Со „Берлинскиот процес“ да се забрза евроинтеграцијата на земјите од Балканот

Со моментумот од „Берлинскиот процес“ да се забрза евроинтеграцијата на земјите од Балканот. Министерот за надворешни работи Никола Попоски на Самитот за Западен Балкан што вчера се одржа во Виена, ја истакна важноста на споделената заложба за искористување на моментумот од „Берлинскиот процес“ за забрзување на процесот на пристапување на земјите од Балканот во Европската унија.

Попоски: Со „Берлинскиот процес“ да се забрза евроинтеграцијата на земјите од Балканот
Попоски: Со „Берлинскиот процес“ да се забрза евроинтеграцијата на земјите од Балканот

Справувањето со мигрантско-бегалската криза и адресирањето на отворените билатерални прашања во контекст на евроинтеграцискиот процес беа темите во фокусот на сесијата на министрите за надворешни работи на Самитот за Западен Балкан што се одржа вчера во Виена, под покровителство на Република Австрија.

Клучен фактор за развој и просперитет е подобрувањето на меѓусебното инфраструктурно поврзување во регионот и со ЕУ. Потребно е да се обезбедат одржливи механизми за финансирање преку Европските и меѓународните фондови за имплементацијата на заеднички договорените регионални проекти од транспортната и енергетската инфраструктура кои се од пошироко европско значење. Приоритетни за Македонија се проектите долж пан-европските коридори 8 и 10, истакна Попоски.

Потребен е унифициран европски договор за прашањата со бегалците

Шефот на македонската дипломатија пред присутните се осврна и на мигрантско – бегалската криза, при што ја потенцираше потребата за унифициран европски одговор во решавањето на предизвиците со бегалците.

Попоски: Со „Берлинскиот процес“ да се забрза евроинтеграцијата на земјите од Балканот
Попоски: Со „Берлинскиот процес“ да се забрза евроинтеграцијата на земјите од Балканот

Не помалку важно е итно да се адресираат и долготрајните конфликти како примарна причина за појава на мигрантско-бегалската криза. Македонија е единствен случај каде илегални мигранти доаѓаат од земја членка на ЕУ. Пораката од ЕУ е дека ваквата состојба е недозволива, за што се активираат соодветни механизми за помош и соработка, истакна Попоски.

Попоски: Со „Берлинскиот процес“ да се забрза евроинтеграцијата на земјите од Балканот
Попоски: Со „Берлинскиот процес“ да се забрза евроинтеграцијата на земјите од Балканот

Во делот на билатералните прашања, министрите за надворешни работи на државите од Западен Балкан присутни во Виена потпишаа Декларација. Со овој документ нивните влади се обврзаа сите отворени билатерални прашања да ги решаваат во добрососедски дух и со споделена посветеност кон евроинтегративните процеси.

Владите се заложија да не го блокираат прогресот на соседите во нивниот европски пат. Се обрзаа дека ќе ги решаваат сите отворени билатерални прашања преку преговори во согласност со меѓународните норми. Министерот Попоски ја подвлече важноста на потребата на вклучување на земјите членки на ЕУ во регионот во еден ваков процес во пресрет на следниот Самит за Западен Балкан кој треба да се одржи во Париз, следната годинасе наведува во денешното соопштение од МНР.