Попоски: ВМРО-ДПМНЕ јa црпи енергијата од народот

Има луѓе кои не и мислат добро на Македонија. Тие луѓе се среќни кога ќе направат поделби- брат со брата да се мрази. Говорат за храброст и патриотизам, но доушништвото и предавството не е патриотизам. Ќе се препознаат тие кои се.

Ова го истакна министерот за надворешни работи Никола Попоски, на денешниот народен собир на ВМРО-ДПМНЕ во Тетово.

Тој потенцираше дека македонскиот народ секогаш имал опции.

-Овие луѓе тука пред вас во салава во Тетово сметаат на вас, на народот, на посветена работа, на отворање нови работни места… Сите патриоти имале приоритети, нашиот е да не подлегнеме на лажни патриоти и да ја оправдаме довербата која народот ни ја дава, додаде Попоски.

ВМРО-ДПМНЕ, рече Попоски, ја црпи енергијата од народот на Македонија, така било, така и ќе биде.