среда, 7 декември 2016  |  Вести денес: 14

Попоски: ВМРО-ДПМНЕ ја има најдобрата и најсодржајната програма досега

Го правиме она што најдобро знаеме да го правиме, заедно со граѓаните да излеземе со најдобарата, најсодржајната програма досега, истакна Никола Попоски на средбата со жителите на општина Гази Баба

poposki-640x360

Поврзани вести

Членот на извршниот одбор на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Попоски кој денеска беше на средби со граѓаните на Гази Баба истакна дека владејачката партија ја има најдобрата и најсодржајната програма досега и дека со престојните избори мора да се стави крај на политичката криза и да се стави акцент на инвестициите и економскиот развој.

„ВМРО ДПМНЕ е на терен. Го правиме она што најдобро знаеме да го правиме, заедно со граѓаните да излеземе со најдобарата, најсодржајната програма досега. Сметаме дека ова е и должност и обврска за сите нас, да ставиме крај на политичката криза и конечно да се натпреваруваме во онаа дисциплина што е најзначајна за нашите граѓани – инвестициите, новите работни места, економскиот развој. ВМРО-ДПМНЕ во овој период се посветува најмногу во она во што сме најдобри – програма и економски развој за Република Македонија“, истакна Попоски.

Најчитани вести