Попоски: Во договорот има определени недостатоци, кои не ги задоволуваат македонските национални интереси

-Во овој текст кој ни беше презентиран оценивме дека има определени недостатоци, кои не ги задоволуваат националните македонски интереси, од друга страна сосем се коректни и се адресирани сите оние барања од страна на Република Бугарија во однос на нашите прашања, изјави Попоски.

Тој кажа дека проблематичен дел во овој договор е односот на симетрија, како што тој вели едната страна добива права другата добива обврски. Тој напомена дека тоа не би било лошо доколку сме ги немале минатите искуства.

-Во делот на признавање на една реалност во 2017 година дека македонскиот јазик не е само уставна категорија, туку се работи за постоечки јазик кој постои многу пред независноста на Македонија, не спомнувањето на македонски народ, определени формулации поврзани со заедничката историја и со комисиите. Сите овие прашања можат да бидат адресирани на начин на кој Бугарија би останала задоволна, а од македонска страна би се елиминирало тоа чувство во јавноста дека навистина имаме асиметричен договор со листа за обврски само за македонската страна, која треба да ги исполнува, изјави Попоски.

Тој се осврна и за малцинството, кажа дека ВМРО-ДПМНЕ стои на ставот дека не треба да се меша во внатрешната политика на својот сосед, но дека од друга страна постојат формулации преку кои Бугарија се повикува на Уставот на Македонија и должноста наша за грижа за Македонците надвор од Македонија.

-Може да се постигне баланс со тоа што такво барање би постоело за двете страни или двете страни во рамки на својот Устав би се ангажирале за исполнување на тие обврски. Ние во овој случај со исполнување на оваа формулација, која се влече од времената спогодба, создаваме обврска за Македонија која нема аргументи, бидејќи никој во минатото, ниту пак во иднина ќе се меша во бугарските внатрешни работи, со цел заштита на овие права. Тоа е нешто што е преземено од страна на Бугарија на меѓународно ниво. Мислам дека има формулации кои може да излезат во пресрет и на нашите очекувања за симетрија во договорот, а исто така да ги елиминираат било кои извори за загриженост во Бугарија, дека Македонија би можела да се меша, нешто што според мене не е реално, смета Попоски.

Попоски потенцира дека договорот со Бугарија беше потреба која ја наметна Бугарија, долг временски период се преговараше и дојдовме во форма во која практично беа задоволени прашања кои можеа да се задоволат и останаа тие пет полиња во кои имаа различни ставови двете држави.

-Очигледно е дека новата Влада влезе со цел да се задоволат сите тие барања од Бугарска страна и да не се навлегува премногу во очекувањата од наша страна за балансираност со цел да се затвори што е можно побрзо, веројатно во летниот период кога и вниманието е помало и веројатно под претпоставка дека ова е едно од многуте крупни прашања кои ќе се решаваат, вели Попоски.

Попоски рече и дека дефакто клучот за влез во ЕУ и НАТО за нас клучот е во Грција и Македонија не може да влезе во НАТО и ЕУ доколку Атина не се согласи за тоа.

-Јас сметам дека треба да се водиме од максимата дека потпишувањето на договорот е најмалиот елемент во оваа крупна слика бидејќи врз основа на него ќе дојде примената и примената е клучот и можно е во ваква една ситуација да се отвори  и дискусија да сите идни членки поминуваат на комисии за историја и ратификување на историски вистини и да станат дополнителна пречка или извор за фрустрација за двете држави, заврши Попоски.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.