Македонија

Попоски во ЕП побара европски одговор на бегалската криза

Попоски во ЕП побара европски одговор на бегалската криза

Министерот за надворешни работи Никола Попоски денеска побара во Европскиот парламент (ЕП) европски одговор на бегалската криза во кој ќе биде вклучена и Република Македонија, јави дописникот на МИА од Брисел.

Попоски во ЕП побара европски одговор на бегалската криза во кој ќе биде вклучена и Македонија.

Шефот на македонската дипломатија, кој претпладнево настапи пред членовите на Комитетот за надворешни работи на Европарламентот, заедно со претставници на Владите на Турција и Србија го претставуваа начинот на кој земјите се справуваат со напливот на мигрантската криза.

Оваа дебата е за бегалците и земјите на транзит во однос на кои е создадена прилично голема негативна енергија во европски рамки во однос на целиог процес на проширувањето. За жал, сепак постои мешање во перцепцијата меѓу причинителите за мигрантската криза и политиката на проширување. За нас е значајно да се бара европско решение да не бидат префрлани проблемите од една до друга граница, посочи министерот Попоски пред европратениците од т.н. АФЕТ-група.

Македонскито министер им напомена на претставниците на законодавниот дом на ЕУ дека единствениот начин на кој ова прашање треба да се адресира е во прва линија во изворот на проблемот, односно во конфликтот во Сирија и без такво решение на долг рок, никој не би можел да очекува крупни промени во овие трендови што постојат во моментот.

Второ, најголемите напори, сепак, треба да бидат на границата на Европската унија, а Македонија е веројатно единствена земја на оваа рута во која мигрантите доаѓаат од земја-членка на ЕУ. Ние не би сакале да префрламе вина на никого, но Македонија не е во можност да го направи она што не може да го направи Европската унија во своја земја-членка, дециден беше министерот Попоски.

На маргинните на оваа сесија во Европарламентот, Никола Попоски оствари и билатерални средби со неколку членови на ЕП, каде главна тема беше денешниот прогрес-извештај на Европската комисија за Македонија, што содржеше седма последователна препорака за отворање на пристапните рпеговори, условена со исполнување на точките од договорот од Пржино и посветеност на „итните реформски мерки” што ги издаде ЕК за македонската држава.