Попоски во Гостивар ја презентираше програмата „Проверено“

Носителот на кандидатската листа за пратеници на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за ИЕ 6, Никола Попоски денеска го посети Гостивар каде што имаше средби со граѓаните на овој град.
Тој во рамките на посетата го посети објектот Мега Маркет Монтенегро каде што имаше средба со сопственикот на истиот. Во продолжение на посетата тој се сретна со граѓаните на населбите Кеј Вардар, Центар и Џамиџит маало, а оствари средби и со припадниците на турската и ромската заедница во овој град.
Попоски во текот на посетата ги промовираше проектите кои се реализирани од Владата на Република Македонија предводена од ВМРО-ДПМНЕ во овој град, а воедно ја презентираше и програмата “Проверено” за периодот 2014-2018 година. Тој ги истакна инфраструктурните и проектите за поддршка на земјоделието од оваа програма.