Попоски во Лондон ги презентираше приоритетите на новата Влада

Министерот за надворешни работи, Никола Попоски, во рамки на работната посета на Велика Британија, денеска оствари средба со претседавачот на Комитетот за ЕУ при Домот на лордовите во британскиот Парламент, лордот Босвел, како и со претставници на парламентарната група за Македонија при Долниот дом на Парламентот.

На состаноците со британските парламентарци, Попоски ги презентираше приоритетите на новата Влада, евроатлантските перспективи на земјата и разговараше за можностите за продлабочување на парламентарната соработка меѓу двете земји. На состаноците беше потврдена британската поддршка на европската агенда на земјата.

Во текот на денешниот ден министерот ќе одржи и предавање во престижниот London School of Economics, посветено на економските реформи на земјата во контекст на евроатлантските перспективи на регионот. Во своето предавање ќе се осврне и на Стратегијата 2020 за земјите од Југоисточна Европа како патоказ на регионот за водење политики на економски раст и просперитет.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.