Попоски во официјална посета на Република Турција

На покана од министерот за надворешни работи на Република Турција Мевљут Чавушоглу, министерот за надворешни работи на Република Македонија Никола Попоски, утре ќе оствари официјална посета на Република Турција.

За време на средбата меѓу двајцата Министри, главни теми на дискусија ќе бидат билатералните односи меѓу двете земји и можностите за натамошна соработка, а ќе бидат опфатени и актуелни меѓународни случувања.

За време на посетата, министерот Попоски се очекува да биде примен од претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган. Исто така, министерот Попоски ќе оствари средба со членови на Парламентарната група на Големото народно собрание на Република Турција за пријателство со Собранието на Република Македонија.

Во рамките на официјалната посетата министерот Попоски ќе има обраќање во Дирекцијата на Турците во странство по повод настанот „Вечер на македонско – турско пријателство.“