Попоски во официјална посета на Унгарија

Министерот за надворешни работи Никола Попоски денеска ќе престојува во официјална посета на Унгарија, на покана на неговиот колега, унгарскиот министер за надворешни работи и трговија, Петер Сијарто.

Покрај со домаќинот, Попоски ќе оствари средба и со спикерот на унгарскиот Парламент, Ласло Ковер, а ќе има и излагање во Унгарскиот институт за надворешни работи и трговија за важноста на интеграцијата на земјите од Балканот во Европската унија.

Посетата се совпаѓа со одбележувањето на 20 години од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу Република Македонија и Унгарија.