Македонија

Попоски во понеделник ќе се сретне со Нуланд

Попоски во понеделник ќе се сретне со Нуланд
Попоски во понеделник ќе се сретне со Нуланд

Министерот за надворешни работи Никола Попоски во понеделник ќе оствари средба со Викторија Нуланд, помошник државен секретар на Соединетите Американски Држави задолжена за европски и евроазиски прашања, соопшти попладнево МНР.

За време на средбата, се наведува, предвидено е да се разговара за досегашниот успешен развој на односите меѓу двете пријателски држави втемелени во Декларацијата за стратегиско партнерство и соработка, како и за взаемно истакнатиот интерес за нивно натамошно унапредување во сите области од заеднички интерес.

Истовремено, се очекува да се потврди стратегиската определеност на нашата држава за членство во НАТО и Европската унија, а воедно ќе се пренесе и благодарноста за американската поддршка за македонскиот интегративен процес, како и за препознавањето на исполнувањето на стандардите за членство во НАТО на Република Македонија, се вели во соопштението.