Попоски во посета на Брисел

Министерот за надворешни работи Никола Попоски во понедделник ќе оствари работна посета на Брисел среќавајќи се со претставници на институциите на ЕУ.

Министерот Попоски ќе има работен доручек со постојаните претставници на земјите членки во ЕУ во пресрет на подготовките за заклучоците за Европкиот Совет кој ќе се одржи на 17-18 декември во Брисел.

Истовремено ќе оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување Јоханес Хан.