Попоски во посета на Израел

Министерот за надворешни работи Никола Попоски  ќе престојува во дводневна посета на Израел, во чии рамки ќе оствари средба со заменик-министерот за надворешни работи Тципи Хотовели.

Како што соопшти МНР, за време на посетата Попоски ќе се обрати пред Израелскиот совет за надворешна политика и Светскиот еврејски конгрес на тема „Случувањата на Блискиот Исток и нивната рефлексија во Југоисточна Европа: Македонски погледи“.

Попоски ќе ја посети и Еврејската агенција, а во пресрет на Денот на сеќавање на депортацијата на Евреите од Македонија, во име на Владата на Република Македонија ќе положи венец во Холот на сеќавањето на Меморијалниот центар „Јад Вашем“.