Попоски во посета на Јапонија

Попоски во посета на Јапонија
Попоски во посета на Јапонија

Од 27 до 29 октомври, министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Попоски, ќе оствари посета на Јапонија.

Покрај со својот домаќин, министерот за надворешни на Јапонија Фумио Кишида, министерот Попоски ќе оствари средби и со парламентарниот заменик министер за надворешни работи, Мики Јамада, како и со повеќе пратеници во јапонскиот Диет.

На 28 октомври во Токио, на свечена церемонија, мнистерот Попоски, заедно со  парламентарниот ЗМНР на Јапонија, Мики Јамада и амбасадорот на РМ во Јапонија Андријана Цветковиќ, свечено ќе ја отворат Амбасадата на Република Македонија во Токио. На свеченоста ќе присутвуваат високи претставници од политичката и економската сфера, како и дипломатскиот кор во Јапонија.

Во економскиот дел од посетата, МНР Попоски ќе оствари поединечни средби со челните луѓе на Јапонската организација за надворешна трговија (Japan External Trade Organization – JETRO), Јапонската агенција за меѓународна помош (Japan International Cooperation Agency -JICA) и најголемата стопанска комора на Јапонија КЕИДАНРЕН. На 29 октомври, во токиската Општа болница (JR Tokyo General Hospital), ќе биде потпишан Меморандум за разбирање со Министерството за здравство на Република Македонија со кој ќе започне соработката на РМ со оваа реномирана медицинска установа. МНР Попоски ќе ја посети и железничката компанија JR East JapanRailway Company, со која во претстојниот период се очекува да започне конкретна соработка со Македонски железници.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.