Попоски во посета на тетовско- гостиварскиот регион

Денешните ативности на носителот на листата на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија” во изборната единица 6, Никола Попоски, продолжија со посети на селата Раотинце и Подбреѓе, општина Јегуновце. Во Раотинце, Попоски ја посети новата мини фабрика за преработка на месо во ова село.

Во Подбреѓе, Никола Попоски присуствуваше на молебенот во црквата „Св. Архангел Михаил”, изградена пред неколку години со донации од локалните жители. На средбата со жителите на Подбреѓе, Попоски разговараше за инфраструктурните и демографските предизвици на селата од општина Јегуновце и воедно ги претстави приоритетите на ВМРО-ДПМНЕ за справување со предизвици во македонското општесто преточени во предизборната програма за периодот 2014-2018, во која се содржани вкупно 2046 проекти.

Денеска, во Гостивар, на мини митингот организиран од општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Гостивар, пред насобраните граѓани од населбата Дутлок, се обрати носителот на листата на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата “За подобра Македонија” во ИЕ 6, Никола Попоски.

Во својот говор, Попоски ги образложи проектите од програмата на ВМРО-ДПМНЕ за проширување на автопатната мрежа во Македонија, односно изградбата на автопатот Гостивар – Кичево, како и изградба на филтерска станица на системот за водоснабдување во Гостивар.