Попоски во работна посета на Данска

Министерот за надворешни работи Никола Попоски денеска ќе престојува во работна посета на Кралството Данска.

За време на престојот во Копенхаген, Попоски ќе се сретне со својот дански колега, министерот за надворешни работи Мартин Лидегард, како и со министерот за трговија и развојна соработка Могенс Јенсен.

На средбите, се очекува да бидат разменети мислења за развојот на билатералните односи, можностите за зајакнување на меѓусебната соработка, особено во економските сектори, за процесот на интегрирањето на Република Македонија во ЕУ и НАТО, за регионалната соработка и за актуелните прашања од меѓународната агенда.