Попоски во Солун

На покана на Заменик премиерот и министер за надворешни работи на Република Грција Евангелос Венизелос, во рамки на Грчкото претседавање со Советот на Европската Унија, Министерот за надворешни работи на Република Македонија Никола Попоски денеска во Солун ќе учествува на Министерската конференција Европска Унија – Западен Балкан.

Министрите за надворешни работи на земјите – членки на ЕУ и земјите од Западен Балкан ќе дискутираат на тема „2004 – 2014: 10. години од проширувањето и европската интеграција на Западниот Балкан“.