Македонија

Попоски во Виена на конференција за борба против џихадизмот

Попоски во Виена на конференција за борба против џихадизмот

На покана од министерот за надворешни работи на Австрија Себастијан Курц и министерката за внатрешни работи на Австрија Јохана Микл-Лајтнер,утре 20.март во Виена, министерот за надворешни работи на Република Македонија Никола Попоски ќе учествува на Конференцијата посветена на „Борбата против џихадизмот – обликување на политика за превенција и реакција.”

На Конференцијата на која ќе учествуваат Министрите за надворешни работи и Министрите за внатрешни работи од земјите од Западен Балкан, ќе се дискутира за борците кои од Европа заминуваат за Блискиот Исток и се борат на страната на ИСИЛ, како и за враќањето во нивните матични земји.

На Конференцијата, министерот Попоски ќе има свое излагање на кое ќе ги презентира превземените и планирани активности на Република Македонија во борбата против глобалниот тероризам.