петок, 26 мај 2017  |  Вести денес: 34

Попоски за „Фигаро“: Границата на Македонија ќе остане затворена

Во интервјуто за париски „Фигаро“, дадено за време на престојот во Париз на министерска конференција за подготвување на самитот „Париз-Балкан 2016“, македонскиот министер за надворешни работи Никола Попоски нагласува дека „Македонија ги исполнува критериумите за членство во НАТО и ЕУ, без притоа да напредне на тој пат со што само се разгорува политичката криза“, пренесува МИА.

nikola-poposki-5

Поврзани вести

Во интервјуто за париски „Фигаро“, дадено за време на престојот во Париз на министерска конференција за подготвување на самитот „Париз-Балкан 2016“, македонскиот министер за надворешни работи Никола Попоски нагласува дека „Македонија ги исполнува критериумите за членство во НАТО и ЕУ, без притоа да напредне на тој пат со што само се разгорува политичката криза“, пренесува  МИА.

Евакуацијата на импровизираниот камп на бегалците во Идомени за Попоски е најдобтото решение. Оваа одлука според него „ќе дозволи да се намали затегнатоста на Македонија со Атина и приливот на илегални мигранти“.

На парашањето дека меѓу нив има бегалци, шефот на македонската дипломатија одговара дека Грција е таа која треба да види кои се бегалци, кои се мигранти. „За нас, сите кои насилно ќе ја поминат границата се илегалци“, вели Попоски.

На прашањето дали границата ќе остани затворена, Попоски е категоричен: „Да, ние ја спроведуваме одлуката на Европскиот совет“.

На забелешката на „Фигаро“ дека Македонија не е членка на ЕУ, односно дека таа носи одлуки за неа…, министерот Попоски, одговара: „Полесно е да се каже, отколку да се направи. Понекогаш сме обврзани повеќе да ги почитуваме одлуките на ЕУ,  кога сме земја кандидат отклку земја членка.“

Шефот на македонската дипломатија ги отфрла обвинувањата дека Македонија користела гумени куршуми, тука употребила само солзавец при обидите на мигрантите насила да ја поминат границата.

Во однос на внатрешната политичка криза во Македонија и секојдневните протести, и како да се излезе од неа, Попоски вели: „Најдобриот начин е преку избори. За тоа има договор меѓу четирите водечки политички партии, но тие беа одложени на два пати бидејќи социјалдемокартите, главната опозициска сила гледа дека испитувањето на јавното мислење не им е наклонето. Кога ќе бидат подготвени, ќе го спроведиме политичкиот договор, кој предвидува ‘техничка влада’ сто дена пред изборите“.

На прашањето за  „шарената револуција и аболицијата од претседателот за осомничените по скандалот со прислушувањето“, министерот за надворешни работи нагласува дека сите политички партии ја критикуваа одлуката на претседателот и дека Парламентот изгласа можно поништување на помилувањата и дека истрагата на специјалниот обвинител продолжува.

На забелешката на „Фигаро“ дека бројни гласови во Европа обвинуваат дека демокрартијата назадува во Македонија, Попоски вели: “Евидентно е дека кога се преминува низ толку сериозна парламентарна криза, тоа не е добро.  Ќе биде наивно да се верува дека тоа нема да има последици за нашата кандидатура за НАТО и ЕУ. Но ние ги исполнуваме критериумите за членство од пред повеќе години без да нашиот случај напредува. Тоа ја разгорува политичката криза.“, наведува македонскиот министер за надворешни работи во интервјуто за париски „Фигаро“.

Најчитани вести