Попоски: За разлика од Македонија, Бугарија си ги заштити своите интереси

попоски

Пратеникот Никола Попоски од ВМРО – ДПМНЕ денес до министерот Никола Димитров, за којшто во тек е интерпелација во Собранието, му посочи дека неколкуте отворени прашања кои што останале како нерешени кога Попоски бил министер за надворешни работи, Димитров и Заев оставиле да бидат во полза само на бугарската страна.

– Ние долг временски период разговаравме со Бугарија, разгледувавме алтернативи и консултиравме историчари, консултиравме претставници од СДСМ кои за некои од овие прашања имаа најрадикални позиции. Процесот беше во ракмите на 5 до 6 отворени прашања и во однос на тие прашања Македонија треба да го заштити својот интерес и Бугарија да го заштити својот интерес, а сега имаме резултат кој што е 6:0 во корист на бугарската страна, рече Попоски.