Попоски: Земјоделците ќе добијат нова инвестициска поддршка

Носителот на листа во ИЗ 6, Никола Попоски, денеса  се сретна со граѓани на Тетово при што ги промовираше проектите од програмата 2014-2018 “Проверено”.

„Владата на Република Македонија предводена од ВМРО-ДПМНЕ во континуитет ги поддржува земјоделците во земјава, а во тој правец е и проектот „Пакети за поддршка на инвестициски проекти за започнување на земјоделски бизниси со кофинансирање на 90 отсто од трошоците и реструктуирање на земјоделски бизниси со кофинансирање на 70 отсто од трошоците”, истакна Попоски.

Тој додаде дека за граѓаните кои имаат интерес и минимални услови за започнување со земјоделски бизнис, ќе бидат обезбедни пакети на поддршка дизајнирани посебно според конкретниот инвестициски проект. Пакетот на поддршка ќе зависи од потребите идентификувани во инвестицискиот план и ќе опфаќа комбинација од постоечките мерки на поддршка на инвестициите