Попоски: Зголемување на платите и нови 70.000 работни места

Фокусот во следната програма ќе биде отворање на нови работни места, до 2020 дури 70.000 нови работни места за да достигнеме ниво на невработеност под 18%, рече денеска носителот на ИЕ 1 Никола Попоски.

-Ова се дел од мерките кои се во срцето на програмата на ВМРО-ДПМНЕ. Воедно предвидуваме и зголемување на платите со цел минималната да достигне до 14.000 денари, а платите во јавната администрација да бидат покачени во две транши до 10,25% . ова се мерките кои ги предвидуваме и врз основа на кои реално имаме покажано дека можеме да ги реализираме овие работни места и што е основа за економскиот развој на Македонија, порача Попоски.