Попоски: Значајно е што ЕК ја задржува препораката за преговори

Министерот за надворешни работи, Никола Попоски, во Европскиот парламент од еврокомесарот за преговори за проширување Јоханес Хан ги слушна клучните точки од најновиот прогрес-извештај на Европската комисија за напредокот на македонската држава во европските интеграции, пренесува МИА.

Откако Хан соопшти дека Комисијата издава седма последователна препорака за отворање на преговорите за членство на Македонија во Европската унија, со услов до април да се спроведат точките од договорот од Пржино и реформската агенда, заклучно со парламентарните избори, Попоски во изјава за МИА порача дека тоа е најважно.

– Најзначаен момент во денешното презентирање на извештаите за Западен Балкан, во однос на Република Македонија е тоа што Комисиајта ја задржува својата препорака дека е неопходно да започнат преговори за членство на Македонија во ЕУ. Тоа е за нас силен мотив да продолжиме со сите оние ангажмани и во делот на политичкиот дијалог и во делот на реформите. Се разбира дека целосната примена на политичкиот дијалог ќе биде еден од условите што ЕК блиску ќе ги следи и од кои ќе зависат и следните оценки, посочи Попоски.

Според македонскиот шеф на дипломатијата, значајно за Македонија ќе биде во периодот до изборите во април да по