понеделник, 28 ноември 2016  |  Вести денес: 0

Попоски-Зулуета: Важно е спроведување на фер и демократски избори

На средбата беше истакната важноста од спроведување фер и демократски избори и беа споделени очекувањата за добар изборен процес.

poposki

Поврзани вести

Заменик претседателот на Владата и министер за надворешни работи на Република Македонија, Никола Попоски, денес оствари средба со Тана де Зулуета,  Шефот на Набљудувачката Мисија на ОБСЕ/ОДИХР за предвремените парламентарни избори во Република Македонија кои ќе се оддржат на 11 декември 2016 година.

Министерот Попоски изрази задоволство од досегашната соработка со ОБСЕ/ОДИХР и позитивните искуства од мониторингот на бројни изборни циклуси во минатото.

На средбата беше истакната важноста од спроведување фер и демократски избори и беа споделени очекувањата за добар изборен процес.

Исто така, беше подвлечена корисноста од набљудувањето  на изборите од страна на ОДИХР, ПС на ОБСЕ и останатите релевантни меѓународни организации.

Најчитани вести