Министерот Попоски се сретна со Хојт Ји

Министерот за надворешни работи нa Република Македонија, Никола Попоски оствари средба со заменик помошникот државен секретар за европски и евроазиски прашања на САД, Хојт Брајан Ји.

За време на средбата биле разменети мислења за меѓусебните односи, регионалната стабилност и визијата за Евроатланската интеграција на земјава, соопшти МНР.
Било разговарано за напорите во надминувањето на политичката криза преку избори, како и за предизвиците поврзани со мигрантската криза.