Попова: Десет месеци Шилегов не направи ниту еден проект, а сега одвојува 70.000 евра за нови партиски вработувања

Неспособниот Шилегов ја преполнува градската администрација додека нема проекти, и капиталните инвестиции се изворедно најниски 16 отсто. Надвор од европските препораки и мерит системот распишува оглас за вработување на 44 административни службеници преку агенција за привремени вработувања, истакна Ирена Попова, советник во Советот на Град Скопје.

„Петре Шилегов не беше способен да испрска против комарци, не знае да се справи со кучињата скитници и повеќе од десет есеци нема ниту еден проект. Ниту пак нешто од тоа што го вети реализира, но затоа одвојува повеќе од 70 илјади евра за вработување на нови 44 административни службеници во градската администрација,  иако се жалеше дека градската администрацијата е преполна“, подвлече Попова.

Претставничката на ВМРО-ДПМНЕ посочи дека станува збор за препознатлива шема којашто ја користи влаејачката партија за згрижување на партиските активисти.

„Шилегов по веќе познатата шема на СДСМ распишува тендер за ангажирање на работници преку агенција за привремени вработување, за потоа истите тие по неколку месеци да се вработат и да добијат договори на неопределено време. Вака вработените ги избегнуваат законските услови кои треба да ги исполнат доколку нивното вработување би одело по редовен пат, тие ја заобиколуваат согласноста од Министерството за финансии која треба да биде дадена за секое ново отворено работно место и тестовите за администрација. Со полнење на јавната администрација во ЕУ не се оди. ЕУ бара работа, посветеност и проекти“, рече.

Шилегов, потенцира таа, од опозиција обвинуваше за превработеност во јавната администрација, сега од позиција на власт на јавната администрација гледаа како место за вработување на своите роднини, пријатели и партиски активисти.

„Шилегов и СДСМ десет месеци не направија ништо за Скопје. Шилегов е најнеспособниот градоначалник во историјата на градот, кој нема ниту едно дело зад себе. Петре замини си додека не е предоцна за градот“, порача Попова.