Попова: Наставниците, родителите и учениците се загрижени за укинување на предметите во училиштата

По најавите за намалување на фондот на часови од страна на СДСМ, наставниците се загрижени за укинување на предметите, истакна наставникот Ирена Попова на денешната трибина Отворено со Комисијата за образование и наука на ВМРО-ДПМНЕ.

-Сите се прашуваат кои предмети ќе се укинат? Кој изборен предмет ќе се укине? Која е алтерантивата? Голема е загриженоста и кај наставниците, но и кај родителите и учениците, вели Попова.

Задолжителното бесплатно образование, бесплатните учебници за учениците и останатите реформи кои ги направи ВМРО-ДПМНЕ во образованието, според Попова имаат многу бенефити.

Инаку, ВМРО-ДПМНЕ започна со најновиот начин на комуникација со граѓаните, тие од пред неколку дена преку трибините насловени „Отворено со комисиите на ВМРО-ДПМНЕ – Знаеме како, можеме подобро“, се уште поблиску до народот. Денеска трибина имаше комисијата за образование и наука.