Поповиќ: Прво ми се допаѓаше Розга, Северина ја смував заради облог

Јелена Розга и Милан Поповиќ, поранешниот вереник на Северина Вучковиќ со која го има синот Александар, наводно веќе неколку месеци се во врска. Имено, Роза е се почест гостин во домот на Поповиќ, а Милан открил дека Розга му се допаѓала пред да ја започне врската со Северина и дека со неа се смувал само заради облог, пишува српски „Курир“.

– Мене всушност ми се допаѓаше Јелена Розга, а Северина ја смував заради кладба, изјави Поповиќ, додека на новинарите им ги опишувал почетоците на врската со Северина.

Инаку, Северина со совети и помагаше на Јелена на почетокот на нејзината самостојна кариера, а тие двете во неколку наврати си гостувале на концерти.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.