Поповолна економска состојба на деловните субјекти во март

Економската состојба на деловните субјекти во март е оценета како поповолна во однос на февруари и во март минатата година.

Според податоците од Државниот завод за статистика, како поповолни се оценуваат и состојбата со обезбеденоста на производството со порачки, состојбата со залихите на готовите производи, како и очекувањата за обемот на производството за наредните три месеци.

Според оценката на раководителите на деловните субјекти, индикаторот на доверба во преработувачката индустрија во март е непроменет во однос на февруари, а во споредба со март лани е зголемен за 2,8 процентни поени.

Просечното искористување на капацитетите на деловните субјекти во март изнесува 62,6 проценти од нормалното искористување.

Најголемо влијание на ограничувањето на обемот на производството имаат недоволната странска побарувачка со 25,1 отсто, недостигот на квалификувана работна сила со 24,7 отсто, недоволната домашна побарувачка со 24,3 отсто, и финансиските проблеми со 6,2 отсто.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.