Поповолна економската состојба според градежниците

Раководителите на компаниите од областа на градежништвото ја оценија економската состојба во четвртото тримесечје од 2013 година како поповолна во однос на претходното тримесечје, а поповолна и во однос на истото тримесечје од 2012 година, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Оценката за финансиската состојба на нивните деловни субјекти е дека е понеповолна во однос на претходното тримесечје, а подобра во споредба со истото тримесечје од претходната година.

Во четвртото тримесечје од 2013 година, очекувањата за бројот на вработени во наредниот период се  понеповолни, оценката за сегашната состојба со порачки (договори) е понеповолна во однос на претходното тримесечје, а бројната состојба и квалитетот на механизацијата и опремата е над нормалата. Во наредниот период се очекува продажните цени да се намалат.

Најголемо влијание на ограничувањето за подобрување на сегашната градежна активност имаат следните  фактори: конкуренција во сопствениот сектор со 15 отсто, немање на побарувачка со 14,2 отсто, зголемените трошоци за материјали со 13,7 отсто и зголемените финансиски трошоци (камати) со 12,3 отсто.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.