Поповолна економската состојба во декември во однос на лани

 

Економската состојба на деловните субјекти во декември лани, според раководителите, е понеповолна во однос на претходниот месец, а како поповолна во однос истиот период во 2012-та година, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Оценката за обезбеденоста на производството со порачки е речиси на еднакво ниво како и во претходниот месец.

Oценката за обемот на производството во декември минатата година е понепoволна во однос на претходниот месец, очекувањата за обемот на производството во наредните три месеци се поповолни, a очекувањата за бројот на вработени се дека нивниот број ќе се намали. Во декември 2013 година, залихите на суровини и репроматеријали, како и тековните набавки на суровини и репроматеријали се под и околу нормалата.

Залихите на готовите производи во декември минатата година се намалени во споредба со претходниот месец.

Просечното искористување на капацитетите на деловните субјекти во декември 2013 година изнесува 60,1 отсто од нормалното искористување. Најголемо влијание на ограничувањето на обемот на производството во декември 2013 година имаат следните фактори: недоволната странска побарувачка со 25,8 отсто, недоволната домашна побарувачка со 18,9 отсто, неизвесното економско опкружување со 10,1 отсто и финансиските проблеми со 9,6 отсто.