Поповска се откажа од пратеничко место: Не сакам функција по секоја цена!

Претседателката на ДОМ, Лилјана Поповска, на прес конференција соопшти дека се откажува од пратеничкото место на листата на СДСМ.

После расколот во СДСМ и вчерашниот револт кој се создаде по објавувањето на листите за пратеници, денеска раскол и во опозициската коалиција.

-Јас не сакам функција по секоја цена. Одлучив да се откажам од добитната позиција на пратеничките листи, за да покажам што ми е приоритет. За ова ќе го известиме и СДСМ. Ќе се борам со подеднаква страст од друга позиција која сега се смета за недобитна. Се имам откажано од повеќе функции досега, рече Поповска и нагласи дека по Централниот и Извршниот одбор на партијата, ќе каже на коалициониот партнер СДСМ кој ќе стои на таа позиција.

Поповска беше поставена на петата позиција во првата изборна единица при што следуваше жесток притисок од јавноста која ја поддржува опозицијата на социјалните мрежи.

Лидерката на градската организација на СДСМ, Софија Куновска, вчера си даде оставка од таа позиција, откако беа објавени пратеникит листи, реагирајќи на добитната позиција која ја доби лидерката на ДОМ.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.