Поповски ќе се обрати на парламентарната конференција на ПС на ОБСЕ

Развојот на демократските институции и човековите права во ЈИЕ и улогата на ОБСЕ е темата за која денеска ќе дебатираат учесниците на Есенската сесија на Парламентарното собрание на ОБСЕ, која се одржува во Скопје.

 

Главен говорник на денешната сесија е министерот за надворешни работи на Република Македонија Никола Поповски, а во рамките на сесијата ќе се одржи и тркалезна маса со шефовите на мисиите на ОБСЕ во Македонија, Албанија, БиХ, Косово, Црна Гора и во Србија.

Конференцијата завршува утре кога ќе се дебатира за Подобрување на управувањето со меѓународната миграција врз основа на човековите права.

Есенската сесија на Парламентарното собрание на ОБСЕ 2016 започна вчера, а темата на Парламентарната конференција е „Зајакнување на мерките за градење доверба и добро владеење во регионот на ОБСЕ“. Учествуваат околу 350 претставници на 57 парламенти и други теле на ОБСЕ и други организации.