Поповски: Македонија не планира да ги затвори границите за бегалците

Македонија не планира да ги затвори границите за бегалците. Целта на Македонија е да се спречи илегалниот влез на мигранти, понатаму да се обезбеди безбеден транзит за мигрантите, како и сето она што не е обезбедено на грчките острови.

Ова меѓу другото беше нагласено на денешниот брифинг за новинари во Министерството за надворешни работи, посветен на актуелните случувања со мигрантско – бегалската криза во ЕУ.

Како што посочи министерот Попоски во однос на мигрантско – бегалската криза на ниво на Европската Унија три фази се од клучно значење, а тоа е улогата на Турција, заштитата на надворешните граници и реадмисијата.

Според Попоски, токму реадмисијата е клучната работа, бидејќи голем дел од оние мигранти кои што веќе пристигнале во земјите на ЕУ се економски мигранти и во такви услови би требало да бидат вратени во матичните земји, од каде што потекнуваат.

Авганистанците и понатаму остануваат во категоријата бегалци

Авганистанците и понатаму остануваат во категоријата бегалци. Попоски ја појасни состојбата и за неколкуте илјади Авганистанци што во моментов се заглавени во тампон зоната на македонско – грчката граница.

Како што појасни, станува збор за авганистански државјани кои подолг временски период престојувале во земја членка на ЕУ (Грција), а сега му се приклучиле на бранот бегалци и се упатиле кон Германија. Како што рече, очигледно Хрватските власти добиле такви сознанија, па затоа ги вратиле овие лица во Србија, а српските власти како одговор на таквата политика на хрватските власти престанале да ги пропуштаат Авганистанците.

Како што посочи министерот за надворешни работи, според одлуките на Советот на ЕУ, Авганистанците имаат право на барање на азил во земјите на ЕУ, а исто такво право имаат и Сиријците и Ирачаните. Засега нема промени на режимот за пропуштање на овие три нации што се смета дека доаѓаат од небезбедни земји. Во моментов се очекува на координација и утврдување на информациите, а потоа ќе се знае што ќе се случи со лицата што во моментов се заглавени на нашата јужна гранична линија.

Авганистанците и понатаму остануваат во категоријата бегалци
Авганистанците и понатаму остануваат во категоријата бегалци

На брифингот, покрај другото Поповски нагласи и дека во моментов е подобрена комуникацијата со Грција, а со цел менаџирање на мигрантската криза. Како што рече, во моментов има многу подобра комуникација со грчките власти во споредба со минатата година кога речиси и да немаше комуникација, а на македонската граница масовно и организирано беа пренесувани голем број мигранти.

Ние не сакаме да ја затвориме границата. Наша цел е да спречиме илегални влезови во Македонија, да имаме скрининг и регистрација, посочи Поповски.

Тој потенцира…